Охрид, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Временските неприлики направија трската кај месноста Мазија на крајбрежјето на Охридското Езеро, кај Холандскиот парк да е сведена скоро на половина од првичниот обем.
Ваквата појава е нормална поради големото невреме проследено со силен ветер кои уништија дел од трската на овој потег од езерото каде таа има има најдобри услови за развој, па затоа нејзините стебла тука растат релативно високо.
Надводните делови од трската во текот на зима изумираат, а се обновуваат во текот на месеците април и мај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28