Париз, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Норвешка ќе игра против Франција во битката за златниот медал на 25-то Светско првенство во ракомет.
Норвешките ракометари во трилер меч ја победија Хрватска со 28-25 дури по продолженијата, откако мечот во регуларниот дел заврши 22-22.На крајот на регуларниот дел голманот Бергеруд му одбрани пенал на Хорват и тој е вистинскиот херој на Норвешката репрезентација.
Финалето на програмата е утре од 17.30 часот, додека вечерва од 20.45 часот Хрватска и Словенија во малото финале ќе играат за бронзениот медал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 17