февруари 18, 2017

Мадрид, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот суд соопшти дека тројца поранешни фудбалери на Бетис се обвинети дека примиле поткуп од 650.000 евра за да лажираат натпревари и дека намерно загубиле од Осасуна во последното коло во Примера, во сезоната 2013/2014.

Судот објавил дека покрај фудбалерите под истрага биле уште 29 лица, најголем дел членови на управатa на Осасуна.

Двегодишната истрага на судот покажала дека првите луѓе на Осасуна на тогашните фудбалери на Бетис им дале 400.000 за да го победат Ваљадолид, а потоа им платиле 250.000 евра за да загубат од Осасуна. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука