Рома, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми јавуваат дека холандскиот репрезентативец Кевин Стротман би можел предвреме да и` стави крај на својата кариера.
За Холанѓанецот интерес покажале од Манчестер Јунајтед, но тој никако не може да го излечи коленото, а повредата ја обновил на дуелот со Фиорентина. Стротман поради повредата на коленото паузираше осум месеци, поради што го пропушти Мундијалот во Бразил.
На теренот се врати во јануари годинава, но неодамна ја обнови повредата поради што вчера бил повоторно опериран, а според поранешниот доктор на Рома операцијата не поминала како што било очекувано. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23