Мелбурн, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пилотите на Мерцедес беа најбрзи на првите две слободни возења, во пресрет на првата трка во новата сезона, во Формула 1 шампионатот, ГН на Австралија.
Луис Хамилтон беше најбрз на двете тренинг сесии, најавувајќи дека и оваа сезона би можела да помине во знакот на Мерцедес.Двете тренинг сесии меѓу првите шест ги завршија трите најдобри екипи: Мерцедес, Ферари и Ред Бул.
Третиот слободен тренинг ќе се вози утре наутро во 4 часот по средноевропско време, а квалификациите се на програмата истиот ден од 7 часот.Трката за ГН на Австралија на патеката во Мелбурн ќе се вози в недела со почеток во 7 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16