февруари 27, 2015

Лондон, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Мекларен, Луис Гарсија Адаба изјави дека Фернандо Алонсо би можел да ја пропушти трката за ГН на Австралија, со која ќе започне новата сезона во Формула 1.

Шпанецот неодамна имаше инцидент за време на тестирањата во Барселона кога со својот болид удри во заштитниот ѕид, по што четири дена помина во болница.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Мелбурн на 15-ти март со трката за Големата награда на Австралија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука