јуни 8, 2018

Париз, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Симона Халеп прилично лесно го доби дербито со Гарбине Мугуруза, додека Стивенс славеше во американскиот дуел против Кис.

Халеп и Стивенс утре од 15.00 часот ќе играат во женското финале на Ролан Гарос откако вчера ги добија своите противнички во полуфиналето.

Мугуруза лесно ја среди Шарапова, но на сличен начин загуби од Халеп. Романската тенисерка победи со 6-1 и 6-4.Во американската пресметка Стивенс со 6-4 и 6-4 ја совлада Кис и утре ќе се бори за големиот грен слем пехар.

Денеска во Париз на програмата се полуфиналните дуели кај мажите помеѓу Чекинато-Тим и Надал-Дел Потро. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука