Мадрид, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот магазин „Don Balon“ пренесува дека Хамес Родригез на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Реал Мадрид и дознава дека колумбиецот кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Интерес за Хамес Родригез покажаа неколку европски гиганти меѓу кои Баерн Минхен, Ливерпул и Јувентус, меѓутоа колумбиецот избрал да се пресели на „Олд Трафорд“.
Родригез оваа сезона кај Зидан има мала минутажа и неколку пати јавно призна дека не е задоволен од својот статус во Мадрид. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19