Охрид, 31. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот харфист Емануел Сејсон вечерва во црквата „Св.Софија“ ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Сејсон студира харфа на Конзерваториумот во Лион, а подоцна и на Парискиот конзерваториум, во класата на Изабел Морети. Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали, како „Карнеги хол“, „Концертхаус“, „Гаво“ и други.
Во моментов Емануел Сејсон е соло харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.
Вечерашниот концерт е со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20