Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот маратон се најде меѓу десетте причини да се посети Македонија на популарната интернет-страницата „Хафингтон пост“.
На списокот причини заради кои туристите треба да ја посетат државава се и традиционалниот василичарски карневал во Вевчани, како и цените за ноќевање во струшкиот хотел „Дрим“ лоциран на крајбрежјето од Охридското Езеро.
Интернет страницата посочува дека Македонците се многу љубезни и отворени кон странските туристи, вклучително и Американците, и повеќето зборуваат барем малку англиски, но исто така и германски, италијански, албански… Виното, според „Хафингтон пост“, е уште една причина да се посети Македонија, каде источните делови на земјата забрзано стануваат препознатливи како вински регион. Друга причина е храната, од ефтините улични продавници на брза храна до поквалитетните ресторани, кои сепак се достапни за странските туристи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива