Скопје/Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Скопје во организација на Таеквондо клубот „Илинден“ и Македонската Таеквондо Федерација, во соработка со АМС и МОК, се одржа 2-от по ред Таеквондо Турнир „Илинден Опен 2017“.
Учество зедоаа околу 180 натпреварувачи од 8 клубови од Р.Македонија.
Клубот „Хваранг Фист“ беше претставник на Охрид со 9 спортисти, кои се натпреваруваа во дисциплината борби, во своите тежински категории.
– Подготовките кои редовно ги имаме во нашиот клуб во овој дел од натпреварувачката година и овој пад вродија со плод. „Хваранг Фист“ се врати со 1 златна, 6 сребрени и 2 бронзени медалји. Успехот е уште поголем затоа што нашите натпреварувачи го направија своето прво излегување на татамите и притоа постигнаа одличен успех, велат од охридскиот клуб.
Финалната борба во категорија сениори до 63 кг, каде беше претставник Филип Јосифоски од Охрид, кој се сретна со претставникот на ТК „Борец“ од Скопје, беше една од најатрактивните борби на турнирот. Борбата охриѓанецот ја доби со 10 поени разлика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Хваранг Фист