Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Два хеликоптери и утрово продолжуваат да дејствуваат на пожарите во охридско.
Во текот на вчерашниот ден, им помагаа и три авиони „Ер трактор“ кои скоро во текот на целиот ден полнеа вода од Охридското Езеро, во обид да се спречи ширењето на пожарите во регионот.
Според последните, официјални информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од вчера, во регионот на Охрид беше активен пожарот на потегот кај Илинска Планина и селото Базерник, како и на четири точки на потегот кај селата Косел-Расино-Опеница-Вапила.
– Пожарот над Косел, охридско, повторно се распалува. Од време на време локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола, но за жал истиот се’ уште не е изгаснат, изјави вчера Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес