Струга, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствуваше на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожда.
– Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствуваше за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола, информираат од МВР.
извор: ОхридПрес фото/видео: МВР
Прочитано: 67