Скопје, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривична пријава за несовесно работење против министерот за здравство Никола Тодоров.
Причина за реакцијата на Хелиншкиот комитет е случајот со деветгодишната Тамара Димоска од Велес, која почина чекајќи да добие одобрение за лекување во странство. Поднесени се кривични пријави и против директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот заменик, Џемали Мехази.
Деновиве се одржа протест и во Велес. Вчера иницијативата „АЈДЕ!“ со прерформанс повика на оставки на одговорните.
Помасовен протест за овој случај се очекува во вторник во Скопје. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива
Прочитано: 28