Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради контрола на водостојот на Охридското Езеро, во Охрид ќе биде испратена екипа од хидролози од Управата за хидро метеоролошки работи, кои ќе ја проверуваат автентичноста на податоците на поставениот мониторинг систем.
Дозволениот минимум на нивото на езерото е со водостој од H=-7 cm (или кота од 693.10 m).
Состојбата на водостојот се следи секојдневно, вели м-р Васко Стојов, Раководител на Одделението за хидрологија.
Изминативе неколку недели, еколозите, но и граѓаните реагираа за нискиот водостој на езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива
Прочитано: 28