Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на своите активности насочени кон меѓународна соработка со институции и организации со сродни дејности, Црвен крст Охрид обезбеди донација за охридската територијална противпожарна единица.
Имено, во соработка со проптипожарната единица Doetinchem од Холандија Територијалната противпожарна единица во Охрид ќе добие специјализирана опрема, заштитни шлемови, одела и чизми.
Донацијата ќе биде доделена во 13:30 часот во просториите на охридската пожарна, а ќе присуствува и градоначалникот Јован Стојаноски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32