Скопје/Охрид, 18. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Холандскиот тур-оператор Corendon што располага и со сопствена авионска флота, за претстојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.
Согласно донесената одлука, засега, е предвидено авионите на Corendon од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од седми јули до први септември.
Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.
Авионската линија Мастрихт-Охрид, покрај летовите од Амстердам и од Ајндховен, првпат беше воведена летото 2018 година, но по туристички одличната 2019 година, поради пандемијата на коронавирусот, холандскиот тур-оператор наредната сезона ги откажа своите туристички аражмани за Македонија.
Тур-операторот Corendon беше најзаслужен за враќањето на туристите од земјите на Бенелукс, во најголем број Холанѓаните, на Охридската ривиера по распадот на поранешна Југославија. (Крај)
извор: МИА фото: архива