јули 9, 2019

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ е организатор на првиот Интернационален годишен концерт на хорска музика.

По успешниот настап во Романија, нашите хористи ќе бидат домаќини на овој настан, со тенденција истиот да прерасне во традиција. Ќе настапат хорови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.

Концертот ќе се одржи утревечер во Католичката црква во Охрид од 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука