октомври 23, 2014

Скопје, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Тригодишно дете и 18-месечно бебе со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Децата пред пет дена биле примени во тешка здравствена состојба, но по неколкудневниот третман кај нив има подобрување иако се` уште се под строг здравствен надзор.

Двете деца се од Скопје, а се` уште нема информација каде биле каснати од заразен комарец.

Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука