Скопје, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Последните податоци на Еуростат покажуваат дека во Македонија има најевтина храна во цела Европа.
Агенцијата Еуростат направи споредба на цените на храната и пијалаците во Европа. Најевтина храна има во Македонија, во Полска, Романија, Албанија, Србија и Бугарија. Од друга страна, најскапа е храната во Швајцарија, Норвешка, Данска, Исланд и Шведска.
Во Романија се најевтини лебот и житариците, а во Албанија месото. Евтина риба има во Бугарија, а во Полска евтини се млечните производи. Бугарија исто така има евтини цигари и пијалоци.
Додека во однос на приходите на земјите, нашата земја е на дното во регионот. (Крај)
извор: Факултети фото: архива
Прочитано: 33