Линколн, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Железото кое се содржи во зелениот лиснат зеленчук, оревите и гравот, најдобро го овозможува исполнувањето на важни функции во организмот.
Учествува во пренесувањето на кислородот. Во исто време дефицитот на железо доведува до замор, ниска работоспособност и проблеми со успешност, велат научниците од американските универзитети во Небраска – Линколн и Пенсилванија.
Тие ги анализирале податоците на 105 студенти со просечна оценка 7,68. Истражувањето покажало дека студентите со највисоко ниво на железо имале повисока стапка на успех. Исто така, студентите кои биле во добра физичка форма учеле многу подобро од студентите со ниско ниво на железо и лоша физичка активност. (Крај)
извор: bionews фото: архива
Прочитано: 20