Доха, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС)
– Селекциите на Хрватска и Шпанија се нови четвртфиналисти на СП во ракомет, приклучувајќи им се на Словенија и Катар кои претходно изборија пласман во наредната нокаут рунда.
Шпанија лесно славеше над Тунис со 28-20, додека многу понеизвесно беше на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.
Бразилците играа фантастично прво полувреме кое го добија со 15-13, но на крајот загубија со 26:25.
Во следната коло Хрватска ќе игра со победникот од мечот Шведска – Полска, додека Шпанија ќе го очекува подобриот од мечот меѓу Исланд и Данска.
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 19