Загреб, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хрватска има недостиг на угостителски работници за време на летната сезона.
Угостителите и оваа летна сезона ќе најмуваат работници од околните земји. Велат дека македонците се добредојдени, бидејќи досега се покажале како добри работници.
Оваа година Хрватска ќе прими околу 40.000 сезонски работници. Се бараат луѓе за работа во кафулиња и ресторани.
Заработката на сезонските работници во Хрватска се движи од 600 до 2.000 евра. Плус имаат сместување, храна, а оние со двојно државјанство можат да очекуваат и платени придонеси. (Крај)
извор: Скопје Инфо фото: архива
Прочитано: 29