Санкт Петерсбург, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бразилецот Хулк потпиша нов договор со рускиот гигант Зенит и ќе остане во Санкт Петерсбург до 2019 година.
Хулк во Зенит пристигна во 2012 година од Порто за 50 милиони евра и досега настапи на 92 натпревари, постигна 44 гола и имаше 35 асистенции.
Според новиот договор Бразилецот ќе инкасира по 7 милиони евра по сезона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21