Охрид, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на охридската група „Limitles“ иницираа организирање на хуманитарен настан, за помош на семејството Марџиеви, кое неодамна го изгуби домот во пожар.
– Целта е да се соберат парични средства за нескреќното семејство Марџиеви кои го изгубија топлиот дом и спомените во трагичен пожар. Ве молиме доколку сте во можност бидете хумани и донирајте за да може ова семејство повторно да ја врати изгубената среќа, напишаа младите музичари на нивниот официјален ФБ профил.
На концертот за помош на 12-членото семејство Марџиеви ќе настапат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, ансамблот „Билјана“ и Петар Маркоски.
Влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари, а концертот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива