Охрид, 3. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со бројни акции и иницијативи за собирање средства за помош на својата сограѓанка Јана Арсовска.
– Вечерва од 22:00 часот, во Liquid Cafe ќе се одржи хуманитарен концерт наречен „Надеж за Јана“. Ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band и Sparkles. Влез/донацијата ќе биде 100 денари, порачуваат организаторите.
Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.
Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467
За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка
За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana
или преку жиро-сметка на:
IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес