Скопје, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради големиот интерес од страна на граѓаните и компаниите за вклученост и обезбедување на донации во парични средства за помош за настраданото население од поплавените подрачја, Црвениот крст на Република Македонија известува дека хуманитарната акција за помош во парични средства продолжува до 22-ри овој месец.
Во досегашниот период Црвениот крст дистрибуираше вкупно 855 пакети со прехранбени артикли, 965 пакети со средства за хигиена, 302 т. вода за пиење, 2.296 ќебиња, 40 душеци, 415 гумени чизми, 780 л средства за дезинфекција. Со хуманитарната помош опфатени се над 600 семејства од поплавените подрачја.
– Заклучно со 16 февруари 2015 година на трите донаторски телефони обезбедени се вкупно 9.089.500 денари. На сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ уплатени се вкупно 1.886.644денари. Средствата наменски ќе бидат реализирани согласно проценката за задоволување на приоритетните потреби на настраданото население од поплавите, информираат од Црвен Крст Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива