Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид денес и утре се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Република Македонија.
– Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше превземена од општинскиот Црвен Крст. Се надеваме дека ќе со нашиот скромен допринос барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24