Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Точно 9.350 денари се собрани во хуманитарната акција која беше спроведена во рамките на денешниот натпревар на ФК „Св. Троица“, последен од првиот дел од сезоната во Третата МФЛ против екипата на ФК „Преспа“.
За жал натпреварот го загубија со гол разлика (2:3), но донесоа повеќе надеж за нашата Теодора, на која сме и’ потребни.
– Ви благодариме на сите што присуствувавте и ја поддржавте хуманата акција во рамките на која се собраа 9.350 денари. Истите беа предадени на семејството на Теодора. Бог да е со неа. Заедно правиме разлика, порачаа од клубот.
Во меѓувреме, охриѓани продолжуваат со организација на бројни настани и хуманитарни акции за помош на 3-годишната Теодора, која има потреба од операција со Кохеларен имплант. Сите хумани граѓани можат да донираат преку ecrowd.mk и pavelandreev.org, како и преку 143 128 на T-Mobile и 143 465 преку мрежата на А1.
Жиро сметка:
Зоран Петрески
дознака: Донација за Теодора Петреска
жиро сметка: 200002342823047 (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива