Охрид, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По претходна граѓанска иницијатива и на идеја на група хумани индивидуалци, наскоро ќе се реализира хуманитарната акција „Среќно првачиња“.
– Целта на акцијата, која е поддржана и од ЛК „Лихнидос“ е да им се овозможи среќен и безгрижен почеток на школската година на сите првачиња, чии што родители немаат доволно средства за да им го обезбедат потребниот училишен прибор на своите деца. Хумани индивидуалци, здруженија и организации, донесувачи на одлуки, претставници на бизнис секторот можат веќе да земат учество во оваа акција со тоа што би донирале нов школски прибор, ранци и книги во пунктовите за донации поставени во книжарниците во Охрид: „Просвета“ (охридска чаршија), „Алби“, „Снежана“, „Пинокио“, „Варе“, „Аеро плус“ и „Просветно дело“, информираат организаторите.
Интерес да помогнат во оваа акција покажуваат и останати субјекти, како: маркети, кафулиња, ресторани, подавници, аптеки.
Обезбедениот материјал потоа ќе им се подели на првачињата во училиштата според намената, ставајќи акцент притоа на првачињата од училиштата во руралните средини. Да им подариме на првачињата училишни ташни полни радост. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива