февруари 6, 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда со почеток од 16:00 часот, во Tino’s Pub&Bar ќе се одржи хуманитарна акција за помош на Трајан Целески – Тачо.

– Да го поддржиме нашиот сограѓанин Трајан Целески – Тачо и несебично да му помогнеме во борбата за живот. Бидете алка во синџирот на хуманоста и дојдете на хуманитарната забава на која ќе ве забавуваат: Betty’s Boobs, Backdoor Band, Neighbours, No Fun, Balkan Jam, Дамјан Пејчиноски, Ѓоко Танески и многу други, порачуваат од Tino’s Pub&Bar.

tacodonaciiНеодамна Тачо беше опериран во Италија, по што се чувствува многу подобро, информираат негови блиски пријатели.

Охриѓани во периодов наназад, преку бројни хуманитарни настани собираа помош за младиот спортист. Беа организирани повеќе акции, хуманитарни забави, турнири, а свој придонес дадоа голем број фирми.

Тачо боледуваше од тумор Астроцитома и сега започнува постапката за негово заздравување и враќање во нормален живот, за што исто така се потребни значителни средства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука