јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш ќе ја покажат својата хуманост за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.

Тој боледува од тумор Астроцитома и итно се потребни средства за операција во Италија.

– Почитувани сограѓани и секаде каде што ќе допре овој апел, Ве молиме да ја покажете вашата хуманост и да донирате за нашиот другар, порачуваат организаторите.

Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka.

Настанот ќе се одржи во среда во коктел барот „Хемингвеј“ со почеток во 22:00 часот. Ќе настапат: Ѓоко Танески, Богдан Василевски, Dj Face, Dj Jovan и Dj Gec. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука