Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – За утре е закажана првата уметничка изложба на фотографии и поезија на охриѓанките Ема Вељаноска и Дамјана Видическа, насловена „Јас сум само човек“.
Идејата и целта на овој настан не е само да се промовираат нивните фотографии и поезија, туку и да се потенцира дека Охрид се’ уште е град на уметноста и културата. Преку спојот на фотографија и поезија, девојките сакаат да ни доловат еден поинаков свет на емоции, каде мислата станува слика и сликата инспирација за мисла.
– Покрај можноста да ги видите и прочитате нивните дела, ќе имате и можност да донирате за Јана Арсовска од Охрид која боледува од неуробластома и потребни се средства за нејзиното лекување во Барселона. Како да донирате? Едноставно: дококлку ви се допадне некоја од фотографиите и песните, можете да ги купите во сет за цена од 250 денари и плус да добиете кафе, велат организаторите.
Изложбата ќе се одржи во кафе „Аквариус“ од 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива