Струга, 13. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, членовите на драмското студио „Миладин“, вечерва ќе ја одиграат претставата „Петар Пан“ во драматизација и режија на Ристе Миладин.
Станува збор за настан со хуманитарен карактер, на кој ќе се соберат средства за помош на стружанецот Бојан Крстески. Билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари, а претставата започнува во 19:30 часот.
– Сите собрани средства од влезниците ќе бидат донирани за лекување на нашиот драг и почитиван пријател, роднина, колега, сограѓанин Бојан, кој во моментов се наоѓа на лекување во Рим каде покрај лекувањето му се вршат и испитувања и подготовки за пресадување на црн дроб. За нас 100 денари не значат ништо, но кога ќе се собереме сите заедно, собраните средства ќе значат многу во борбата на Бојан со болеста. Затоа ве повикуваме да дојдете и вие и за придонесете, заеднички да ја добиеме оваа борба на нашиот Бојан, потенцираат организаторите.
Трошоците за лечење на Бојан се големи, па затоа сите хумани граѓани кои се во можност може да донираат средства на следната сметка:
Број на сметка: 210-5017597733-70
Назив на трансакциска сметка: Трансакциска сметка – РЕЗИДЕНТИ
Сопственик: Крстески Бојан
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20