Струга, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Тим на царинската управа открил гасен пиштол, 4 гасни цилиндри (полнења) и 120 метални дијаболи при направена контрола на турски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Скопје – Струга.
Автобусот бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавениот пиштол и муницијата се пронајдени во патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Предметите се привремено задржани а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Царина
Прочитано: 24