Струга, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тим на царинската управа на Македонија запленил 180.000 денари, откриени при личен претрес на албански државјанин.
Тој со автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан. Патникот пријавил дека со себе носи 800 евра, но при личниот претрес, во џебови од неговата јакна биле пронајдени 300.000 денари.
Согласно законските прописи за внесување и изнесување на домашна валута, на патникот му биле вратени пријавените евра и 120.000 денари, износ што може слободно да се изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Царина
Прочитано: 19