Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во центарот на градот наскоро треба да никне Цветен пазар, дознава неофицијално Супер радио.
Локацијата е кај малиот паркинг во непосредна близина на старата стоковна куќа „Чинар“ или денес просториите на „Waikiki“.
Ова е дел од мерките кои се преземени за дислоцирање на Градскиот пазар во Охрид. Деновиве се врши прилагодување и на просторот на малиот паркинг каде се префрлуваат дел од тезгите. Во моментов половина од просторот функционира како паркинг, а другата половина е со тезги. Од едната страна е поставена ограда, а од спротива има ограден простор за одлагање смет и контејнери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 22