март 8, 2017

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година охридските маркети „Тамаро“ со пријатно изненадување за своите потрошувачи, односно сите дами кои денес купуваа во нивните маркети во Охрид и Струга.

– Веќе традиционално, за празникот на сите дами кои денес пазареа во нашите дуќани им подаривме по еден скромен цвет, во знак на почит и мало внимание од наша страна. „Тамаро“ секогаш мисли на своите купувачи и ги изненадува кога најмалку очекуваат. Ние сме локален бренд на маркети, но бренд кој е силно поврзан со своите потрошувачи. Ќе Ве почитуваме 364 дена во годината поради тоа што сте нашите Дами, а еден ден поради тоа што е Денот на жената. Нека е среќен и за многу години, порачуваат од „Тамаро“ маркетите, кои со ова осмомартовско изненадување само ја продолжуваат низата успешни акции на задоволство на своите потрошувачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука