Охрид, 6. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Цело одделение ученици од седмо од охридското училиште „Христо Узунов“ оди во изолација, затоа што еден ученик е позитивен на Covid-19, објави порталот „Охрид 1“.
Министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот од школската година потенцираше дека епидемиолошката служба на лице место ќе одлучува дали еден ученик, дали неколку ученици или целото одделение ќе оди во изолација, доколку во одделението се појави случај на заболен од Covid-19.
Во случајот целото одделение од седмо оди во изолација. (Крај)
извор: Охрид1 фото: ОхридПрес
Прочитано: 30