февруари 6, 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Цените на угостителските услуги на почетокот на годинава, во споредба со предходниот период од 2016 година, останале на исто ниво.

Доколку, пак, се направи споредба на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, тука е забележано зголемување за 0.4%.

Кај групите предјадења, готови јадења и слатки нема промени во цените.

Лебот и безалкохолните пијалоци бележат зголемување на цените. Мало поскапување имало кај алкохолните пијалоци и ноќевањата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука