Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Цените на угостителските услуги во последниот месец од 2016 година, во споредба со ноември 2016 година, останале на исто ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, минимално зголемување на цените во угостителските услуги имало во подкатегоријата салати и јадења по порачка. Потоа следат цените за категоријата предјадења, алкохолни пијалоци, како и ноќевањата.
Намалување имало на цените на слатките.
Доколку се направи, пак, споредба на индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од 2015 година, во тој случај забележано е зголемување за 0.4%. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41