Скопје/Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е зголемен за 0,2 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата алкохолни пијалаци за 0,2 % и безалкохолни пијалаци за 2,6 %. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4,9 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,7 %, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,1 %. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 66