декември 5, 2017

Охрид, 5. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По предлог на градоначалникот, советниците ја прифатија предлог одлука за одобрување за кофинансирање на проекти финансирани од Бирото за регионален развој, согласно програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Предвидено е да бидат реализирани пет проекти.

– Станува збор за реконструкција на кров на градинка „Развигорче“, промена на системот за греење во „Росица“, реконструкција на улицата „Коста Абраш“ која вклучува уредување на плоштадот „Табана“, изградба на пешачка патека од Саат кула до Св.Сава и изработка на проектно – техничка документација за реконструкција на улиците „Абас Емин“,  „7-ми ноември“ и патот до црквата Св.Атанасие во селото Горно Рамне, рече градоначалникот Стојаноски.

Овие проекти целосно ќе бидат финансирани од Ценарот за развој на Југозападниот плански регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука