Охрид, 3. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот центар за јавно здравје во Охрид денеска најави дека бесплатно ќе бидат дезинфицирани просториите на граѓаните кои беа поплавени со надојдените води.
– Со последните врнежи од дожд и снег беа поплавени простории на голем број граѓани. Откако ќе се повлече водата ние сме подготвени бесплатно да им извршиме дезинфекција. Токму затоа ги замолуваме граѓаните да се пријават за да знаеме каде има потреба од дезинфекција, информираат од Центарот за јавно здравје.
Оттаму додаваат деа поради мешањето на фекалните со атмосферските води поради обилните врнежи, неопходна е дезинфекција на просториите каде што престојуваат граѓаните.
Инаку последните врнежи од дожд и снег поплавија голем дел од индивидуални и станбени згради во повеќе населби во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес