Охрид, 9. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ќе биде меѓу граѓаните на општините Маврово – Ростуше, Дебар, Вевчани и Струга, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Охрид.
Настанот ќе се одржи пред хотелот „Палас“ од страна на Кејот со почеток во 20:00 часот, каде тој ќе има и свое обраќање.
Според најавите, утре, централниот караван на СДСМ на чело со првиот човек на партијата Зоран Заев ќе пристигне во Белчишта, општина Дебрца.
Со почеток во 10:45 часот ќе се одржи граѓанска трибина на која кандидатот за градоначалник Игор Крцоски – Манце ќе промовира дел од изборната програма, а ќе се изврши и промоција на кандидатите за членови на Совет на општина Дебрца. Се очекува на присутните да им се обрати и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива