Лондон, 4.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Цеск Фабрегас најверојатно ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ на крајот од оваа сезона, но Шпанецот не сака да замине од Англија, што е добра вест за Манчестер јунајтед и за Ливерпул.
Најтрофејните англиски клубови се во трка за потписот на шпанскиот репрезентативец, а се подготвени да одвојат 30 милиони фунти за мајсторот за асистенции.
Фабрегас на 33 меча во домашното првенство и куп натпреварите имал 12 асистенции а постигнал и шест гола. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25