јануари 24, 2015

Атина, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на грчката левичарска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, изјави дека апсолутното мнозинство на утрешните избори ќе му ги „одврзе рацете“ за повторни преговори и олеснување на грчкиот долг.– Апсолутното мнозинство ќе ми ја даде „потребната сила и ќе ми одврзе рацете за преговори“ со европските партнери на Грција, рече Ципрас.Според него така земјата ќе си го врати достоинството, и повеќе нема да биде управувана со „пораки испратени од подредени вработени во ЕУ“.Пред гласањето, социолозите и` даваат предност на СИРИЗА со повеќе од 5% пред конзервативните ривали од „Нова демократија“.На денот по изборите веќе нема да има „тројка“, рече Ципрас, мислејќи на ЕУ, ММФ и Европската централна банка. „Ние ќе направиме се` што е потребно за да го заштитиме достоинството на нашиот народ“, увери 40-годишниот Ципрас, според кој ова е прва од ваков вид можност за левицата, но може да биде последна шанса за Грција. (Крај)извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука