Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.
Истата ќе се реализира во вторник, на 30-ти јули 2019 година во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија во периодот од 10:00 до 13:00 часот.
– Ги покануваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23