Охрид, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Биди херој во твоето училиште“, охридскиот Црвен крст денес го одбележа Светскиот ден на првата помош.
На Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид презентираа знаења, техники и вештини за укажување прва помош.
Темата на Светскиот ден за Прва помош е „Првата помош спасува живот“.
Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.
– Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива