Црвен крст Охрид започнува со обуки за негователи на стари и немоќни лица
ноември 5, 2019

Охрид, 5. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид од неодамна е верификувана организација за спроведување на обуки за неговател/ка на стари и немоќни лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука.

– Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид започнува со организирање на обука за неговател/ка на стари и немоќни лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период од 15:00 до 18:00 часот. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за неговател/ка на стари и немоќни лица. Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: [email protected] или на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, каде треба да ги остават следните податоци (Име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил со назнака за Оглас за негователи). Огласот за пријавување на кандидати за обука на неговател/ка на стари и немоќни лица е отворен од 05.11 до 10.11.2019 година. Ве очекуваме сите вие кои имате желба и потреба да стекнете вештини и знаења за помош и негување на стари и немоќни лица и се стекнете со меѓународно признат сертификат за неговател/ка, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука